skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
1ТВ: ММА манипулира дека Основен суд – Скопје 2 и досудил оштета на 1ТВ
Могерини: Северна Македонија и Албанија во јуни треба да ги почнат преговорите со ЕУ
Репортери без граници: Северна Македонија останува на 95-то место според индексот за слобода на медиумите
Неформален состанок на генералните секретари за европски прашања на Грција и Северна Македонија
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

(Видео) Николовски: Нови мерки за поддршка во земјоделството со развојна компонента

(Видео) Николовски: Нови мерки за поддршка во земјоделството со развојна компонента
  • 08.02.2019

Нови мерки во програмата за финансиска поддршка на земјоделството најави денеска ресорниот министер Љупчо Николовски. Проектираните субвенции, нивната висина и распределба, како што рече, ќе ја вратат развојната компонента и ќе придонесат за зголемување на производството, обработливите површини, бројот на добиток и доходот на земјоделците.

Николовски на прес-конференција во Владата соопшти дека мерките се креирани по многу консултации со сите чинители во земјоделството, но и согласно препораките од Светска банка и ЕУ, а целта е директната поддршка постепено да се намалува на сметка на поддршката на руралниот развој.

-Првата нова мерка што првпат се воведува е „зелената нафта“, проектирана на 200 милиони денари што ќе ги добијат 55 илјади земјоделци, производители на полјоделски, градинарски и овошни култури, како и лозови насади. Следната мерка е за малите земјоделски стопанства до еден хектар и изнесува 6.000 денари за хектар до 0,5 хектари површина и 12.000 за хектар за површина од 0,5 до 1 хектар, информира министерот.

За поттикнување на јаболкопроизводството субвенциите за одржување насади годинава се зголемуваат од 33.000, на 41.000 денари по хектар, а за овоштарите кои имаат еден до пет хектари поддршката расте од 39.600 на 50.000 денари. Во делот на градинарството, како што нагласи Николовски, се олеснуваат критериумите за аплицирање, односно се воведува пријавување на збирна засадена површина.

-Ова значи дека површините под градинарски култури при процедурите во Платежната агенција ќе се гледат збирно што ќе резултира со драстично намалување на бројот земјоделци кои во претходните години биле одбивани заради сложените постапки, објасни Николовски.

Рече и дека со програмата двојно се зголемува поддршката за оризот, од 6.000 денари на 18.000 по хектар. Значителни субвенции ќе добијат производителите на сончоглед, 23.160 денари по хектар оние што имаат од пет од 50 хектари и користат сертицифирано семе, додека оние што не се во овој опсег но користат сертицифирано семе ќе добијат поддршка од 15.000 денари.

Се зголемуваат субвенциите и во сточарството, за предадено овчо и козјо млеко од четири на 4,5 денари за литар. Министерството, посочи Николовски, посебен акцент става на живинарството.Од 33 на 40 денари се зголемува субвенцијата за одгледани и заклани бројлери за да се поттикне производството, а од 25 на 125 денари расте поддршката за заклани несилки. Двојно повисоки субвеници има и за произведените еднодневни пилиња.

-И годинава останува зголемената поддршка од 20 отсто за растителното производство со развоен потенцијал.Продолжува поддршката и за стратегиските култури: тутунот, гројзето, пченицата,… потенцира министерот.

Поддршката во програмите е јасно разграничена, и неможе да се совпаѓа за иста категорија производи или некоја друга намена. Исклучок е механизацијата чија набавка ќе може да се покрива и од програмите за поддршка и од ИПАРД.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top