skip to Main Content

Буџетот на разузнавачките служби во САД се зголемил за 11,6 отсто во 2018 година

Буџетот на разузнавачките служби во САД се зголемил за 11,6 отсто во 2018 година
  • 31.10.2018

Буџетот за разузнавањето на САД се зголемил за 11,6 отсто во 2018 година во споредба со минатата година.

Според официјални податоци објавени вчера, САД оваа година обезбедиле 81,5 милијарди долари за граѓанското и военото разузнавање за дома и во странство.

Министерството за одбрана во соопштението посочува дека обезбедениот буџет за разузнавачките активности заклучно со септември изнесува 22,1 милијарди долари. За споредба, тој изнесуваше 18,4 милијарди во 2017 година.

Националната служба за разузнавање на САД објави дека буџетот на граѓанското разузнавање оваа година е 59,4 милијарди долари (во споредба со 54,6 милијарди долари минатата година).

Back To Top