skip to Main Content

Блок 2 во РЕК Битола исклучен заради сервисирање

Блок 2 во РЕК Битола исклучен заради сервисирање
  • 22.03.2019

Во РЕК Битола ноќеска на полноќ од производствен процес е исклучен Блок 2 заради зголемување на оперативноста на постројката.

Блокот ќе биде во мирување до 30 март. Во меѓувреме, производството на електрична енергија ќе продолжи од останатите два блока – Блок 1 и Блок 3, соопшти денеска РЕК Битола.

По вклучување на Блок 2 во електроенергетската мрежа, планирано е исклучување на Блок 3 на РЕК Битола заради планирано надградување на софтверскиот систем за управување на блокот.

Во тек на сервисните активности, потребите за електрична енергија АД ЕЛЕМ ќе ги задоволи од сопствените производствени капацитети.

Back To Top