skip to Main Content

Арафат Муареми во Студио 1: Финансиската полиција е чувар на буџетот, ги следиме јавните набавки на надлежните органи

Арафат Муареми во Студио 1: Финансиската полиција е чувар на буџетот, ги следиме јавните набавки на надлежните органи
  • 05.12.2018

Отвореното Студио 1 го завршуваме со гостување на директорот на финансиската полиција Арафат Муареми кој со домаќинот Јовановски разговараше за истрагите кои ги прави финансиската полиција во однос на буџетските средства.

„Точно е дека премиерот Заев најави дека бидат вратени сите нелегално стекнати пари. Финансиската полиција е една од алките за да се утврдат тие парични средства. Ние имаме можност да лоцираме каде се парите, односно водиме финансиски истраги, се докажува за колку пари е оштетен буџетот на државата“, кажа Муареми.

Директорот Муареми исто така го објасни и процесот на водење на финансиска истрага.

„Не можеме со точност да кажеме каде се парите. Водењето финаниска истрага е долг процес и бара време. Секогаш се бараат сите најголеми прелевања на парични средства. Јас неколку пати сум кажал дека ние треба да бидеме чуварот на буџерот, ние треба да го следиме трошењето на паричните средства. Тоа сега го правиме. Ја следиме секоја јавна набавка која се прави од надлежните органи“, рече Муареми.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Back To Top