skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Саливан: САД силно го поддржуваат Преспанскиот договор
Димитров и Саливан: Реафирмирање на американската поддршка на интеграцијата на Македонија кон ЕУ и НАТО
„Титаник 2“ продолжува на 26. декември кога ќе се слушаат телефонски разговори
Поднесени седум амандмани на уставните измени – од независната пратеничка група, Алијансата на Албанците, Беса и Мухамед Зекири
Тело за помирување: Амнестија ќе нема за организаторите, тепачите и вооружените лица на 27 април
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Анѓушев: Растот на БДП генериран од реалната економија

Анѓушев: Растот на БДП генериран од реалната економија
  • 06.12.2018

Растот од три проценти на БДП во третиот квартал годинава во однос на третиот квартал лани е повеќе од прогнозите што ги имаа одредени институции. Тоа нам  ни дава надеж дека ќе бидат достигнати последните прогнозирани бројки за растот на економија, а за наредниот период се очекува раст и кај градежништвото, оцени денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев

– Што се однесува до градежништвото сакам да напоменам дека тоа беше  40 проценти пониско во првиот квартал, а потоа во вториот и во третиот кваратал тие проекти ги заживеавме. Третиот квартал е периодот од јуни до септември, а знаете дека проектите како автопатот Кичево-Охрид, првата фаза на железницата Куманово Бељаковце и експресните патишта ги почнавме подоцна. Веќе првичните резултати што ние ги имаме  во нашите институции, а се надеваме дека и статистика ќе ги покаже за четвртиот квартал, очекуваме дека градежништвото ќе бележи раст во однос на претходните години, рече  Анѓушев, одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето договори во Владата за грантови преку Фондот за иновации и технолошки развој.

Според Анѓушев, особено е значајно што БДП е генериран од реалната  економија, а не од брзи и виртуелни проекти што  државата претходно ги правела со задолжување само за да се генерират бројки.

– Растот од три проценти  е без никакви нови задолжувања и мешање на државата со создавање виртуелни проекти. Државата ќе се занимава само со градење инфраструктура, а останато е на реалната економија на која е резултат овој БДП, рече Анѓушев.

Во коментар за денеска објавените статистички податоци за БДП,  Билјана Пеева Ѓуриќ од Стопанската комора на Македонија рече дека растот од три проценти е показател за заживување на економските активности.

– Претходно имаше податоци и за раст на индустриското производство од пет проценти. Тоа секако е индикатор дека состојбите одат по некоја нагорна линија. Ако имавме кумулативно раст во првите два квартала  од 1,6 проценти сега со овој раст може да очекуваме дека предвидените проекции и согласно ребалансот на Буџетот би можеле да се остварат до крајот на годината, но сепак треба да се очекуваат и податоците за четвртиот квартал за да можеме да ги потврдиме со факти, рече Пеева Ѓуриќ

Марко Мантованели, претставник на Канцеларијата на Светска банка во Македонија,  исто така оцени дека постои позитивен тренд со оглед на тоа растот од нула проценти во минатата година.

– Инвестиците се враќаат во земјата и тоа се добри вести. За Македонија е клучно да го забрза растот, рече Мантованели.

Државниот завод за статистика претходно објави дека БДП во третиот квартал годинава бележи раст од три проценти и оти извозот на стоки и услуги е номинално зголемен за 16,4 отсто, а увозот бележи зголемување во номинален износ од 12,6 проценти.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2018 година номинално расте за пет отсто, а нејзиното учество во структурата на БДП изнесува 62,5 проценти.

Во третото тримесечје од 2018 година, најголем раст е забележан во секторите: Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности, Дејности на домаќинствата како работодавачи, Дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 17 отсто, во секторите Трговија на големо и трговија на мало, Поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 9,4 проценти, како и во секторите Стручни, научни и технички дејности, Административни и помошни услужни дејности од 7,7 отсто.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top