skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Обвинителството го стави под лупа бегството на Груевски
1ТВ ја презеде медиумската лидерска позиција
Европските Зелени го обвинуваат Орбан дека се обидува да предизвика конфликт
Заев: Груевски е кукавица, категорично ги отфрлам сите шпекулации за каков било политички договор со него
Груевски илегално влегол во Албанија, а со пасош излегол на границата со Црна Гора
Иванов одбива каква било инволвираност во врска со донесената судска одлука за Јанакиески
Заев-Борисов: Нашите две земји се пример за новата реалност на Балканот
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Анѓушев: Прогресивниот данок ќе донесе поправедно општество

Анѓушев: Прогресивниот данок ќе донесе поправедно општество
  • 08.11.2018

Со воведувањето прогресивен данок ќе имаме поправедно општество. Не станува збор за некои големи даночни измени, туку за мали измени во даночните реформи кои треба да одат во прилог да се направи поправедно општество, рече вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Тој во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија образложи дека реформата треба да опфати 25 милиони евра што се помалку од еден процент од Буџетот на Република Македонија.

– Реформата е да се каже дека треба да се има една малку поголема одговорност во општеството. Треба една група жители кои се најуспешни, најдоброплатени, дел од тоа да го трансферираат кон општеството како одговорност, вели Анѓушев.

Во контекст на тоа појаснува дека, со овие пари треба да се подобри општото ниво на живеење во Македонија.

-Со 25 милиони евра не можете да направите чуда во Македонија. Но вие сте го направиле првиот чекор и ќе одредите малку повеќе пари за образованието, градинките, здравство, вели тој.

Посочува дека преку ноќ големи промени нема да има, но вакви потези, како што додава, треба да се прават.

На прашање дали не стравува дека со тоа ќе биде поттикната сивата економија, Анѓушев вели дека тоа нема да се случи.

– Не велам дека таа не постои и не велам дека не треба да се зголеми борбата со сивата економија. Сите овие даночни реформи и политики, или било кој данок дали ќе го намалиме или зголемиме сеедно се наплаќа од тие кои имаат регуларно работење, рече Анѓушев.

Во контекст на тоа додава дека се уште во Македонија има нерегуларно работење и оти треба да се бориме со тоа. – Тоа е борба која нема да биде лесна, но Владата нема алтернатива освен да се фати во костец со оваа појава, додава Анѓушев.

Според него, ова се прави за да имаме извесни пензии во иднина.

Анѓушев демантираше дека влегол во кавга со министерот за финансии Драган Тедовски, туку понекогаш станувало збор за различни мислења.

Вели дека трпи големи критики, но оти тоа е нормалано некој е на ваква функција.

-Наводна кавга со Тевдоски немало. Имаме еден неформален формат што се вика Економски совет. На тој состанок ние дебатириме, и некогаш има различни мислења. Но, тоа е далеку од кавга и недоразбирање. На крај се договараме конечно. Во Македонија од ситници се прават големи работи, рече вицепремиерот Анѓушев на гостувањето на Канал 5 телевизија.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top