skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Продолжува комисиската расправа за одземање на имунитетот на Вељаноски
В понеделник оставка од Котевски, но и извештај од истрагата за инцидентите
Манчевски: Неколку дена пред Конгресот на СДСМ ќе биде познат кандидатот за претседател
Осудените за „Диво насеље“ со отворено писмо до Ахмети, Груевски и Мијалков
Мицкоски: Поддршката за Силјановска Давкова е поддршка за правната држава
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Анѓушев: Поскапе само најевтиниот леб, ако оцениме дека треба, ќе реагираме преку државните резерви

Анѓушев: Поскапе само најевтиниот леб, ако оцениме дека треба, ќе реагираме преку државните резерви
  • 06.12.2018

Годинава сушата си го зема својот данок во делот на житото и житните производи. Вака вицепремиерот Кочо Анѓушев денеска го образложи поскапувањето на, како што истакна, само најевтиниот леб.

Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето договори за грантови од Фондот за иновации во Владата, Анѓушев речиси го повтори завчерашниот став на министерот за земјоделство Љупчо Николовски – дека Владата ќе ја следи состојбата и ќе реагира ако има потреба преку стоковните резереви.

-Годинава сушата си го зема својот данок во делот на житото и житните производи. Житото на сите светски берзи, а на новосадската берза која е најблиска за нас порасна за 30-ина проценти. Тоа практично се одразува во цената на финалните производи, на лебот. Засега поскапе само најевтиниот леб, односно еден дел од асортиманот на пекарите. Како Влада ќе ја следиме состојбата и доколку видиме дека има посериозен импакт на сите останати пекарски производи генерално, ќе интервенираме од државните резреви со житни производи. Имаме доволно резерви, тие се купени со соодветни цени, домаќински е тоа направено и ќе реагираме навреме доколку видиме дека зафаќа поголем замав. Сега оставаме реалната економија да ги реши сама по себе проблемите без многу интервенционизам, но ако има потреба ќе го направиме тоа, изјави Анѓушев.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top