skip to Main Content

Администрацијата со растечки тренд – енигма е бројката на вработени во јавниот сектор

Администрацијата со растечки тренд – енигма е бројката на вработени во јавниот сектор
  • 03.09.2019

Бројот на вработени во јавниот сектор, според македонската дефиниција, пораснал за 3.750 од 2015 до 2018 година, откако се води регистарот за вработените во државните установи и претпријатија. Но, покрај оваа бројка, која се пресметува со вкрстување на податоци од низа извори, во 2017 година за прв пат е објавено дека  над 10.200 лица се ангажирани со договор за привремено вработување или се вработени во државни акционерски друштва.

Таа година јавноста прв пат дозна дека околу 8,663 лица се вработени во акционерските друштва во целосна државна сопственост, но и уште 1,624 лица кои се привремено ангажирани преку агенциите за вработувања. Веќе следната, 2018, година бројот на привремено ангажирани пораснал на 2.439 лица односно за 50 проценти.

Овие две категории не влегуваат во вкупната бројка вработени во јавниот сектор, исто како и избраните и именувани функционери – пратеници, министри, заменици министри, градоначалници, претседатели и членови на државни комисии, директори, судии, јавни обвинители и други избрани или именувани лица.

Целата анализа е преземена од мета.мк и може да ја прочитате тука

Back To Top