skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Приведен Стевчо Јакимовски
Како градоначалник Јакимовски легализирал објекти на државата и ги продавал по пет евра квадрат!
Бошковиќ: Договорот меѓу Северна Македонија и Грција доказ дека постојат храбри луѓе во регионот
Венецијанската комисија даде позитивно мислење за Законот за Судскиот совет
Нови авиолинии од Скопје до Баден и Бремен
Славчо Попоски: Следува краткотрајна нестабилност, дожд, грмежи и засилување на ветерот
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Австриска помош за коморите од регионот на Западен Балкан

Австриска помош за коморите од регионот на Западен Балкан
  • 14.01.2019

Австриска поддршка и пренос на добри практики, вештини и know-how во три клучни области – дигитализација, образование и бизнис интегритет во следните пет години ќе биде обезбедена за шесте комори од земјите на Западен Балкан.

Ова, како што информира Стопанската комора на Македонија, го предвидува меморандумот за соработка помеѓу Коморскиот инвестициски форум, Австриската федерална стопанска комора и Австриското федерално министерство за Европа, интеграции и надворешни работи, кое ја координира работата на Австриската агенција за развој што денеска беше потпишан во Австриската федерална стопанска комора во Виена.

-Активностите во рамките на соработката која ќе биде воспоставена ќе се фокусираат на три клучни сектори: забрзување на процесот на дигитална трансформација на компаниите од целиот регион на Западен Балкан проследена со едукација и тренинг во областа на дигитализацијата, развивање на заеднички програми на средно стручно образование, првенствено со фокус на областа на дигитализацијата, но и зајакнување на бизнис интегритетот на компаниите од Западен Балкан, преку промовирање на чесни деловни практики и спречување на корупцијата, соопшти Стопанската комора.

Во рамките на настанот, претседателот на Стопанската комора на Македонија и потпретседател на Коморскиот инвестициски форум, Бранко Азески оствари работни средби со Карин Кнејсл, министер за Европа, интеграции и надворешни работи во Австриската федерална влада и Хералд Марер, претседател на Австриската федерална стопанска комора, како и со претставници на менаџментот на водечки австриски компании.

Кнејсл потенцираше дека регионот е нераскинлив дел од економската и социјалната историја на Европската унија и дека процесот на приклучување на земјите од Југоисточна Европа кон ЕУ останува врвен приоритет.

– Зајакнувањето на регионалната соработка и поддршката за овие земји на нивниот пат кон ЕУ треба да придонесе на луѓето од регионот да им се дадат нови перспективи, при што заемното признавање на квалификациите ќе игра клучна улога во овој процес. Австрија ќе го даде својот придонес особено  преку заложбите во областа на дуалното образование, посочи Кнејсл.

Азески нагласи дека Австрија е еден од дваесетте најголеми трговски партнери на Македонија и еден од најголемите странски инвеститори во земјата.

-Австриската федерална стопанска комора долги години наназад е предводник на трендовите и позитивен пример за сите комори од државите на Западен Балкан, воведувајќи најдобри практики за унапредување на националните економии и предводејќи ги трендовите во областите на дигитализацијата и образованието, како два основни столба за услугите кои ние ги обезбедуваме за нашите компании-членки. Потпишувањето на меморандумот е пионерски чекор за ревитализирање и унапредување на оваа соработка, која во една или друга форма ја имавме во регионот долги години наназад. Верувам дека австриските искуства и know-how во областа на дигитализацијата и дуалното образование ќе придонесат за унапредување на нашето работење, но ќе претставуваат и солидна основа за идниот развој не само на македонската економија, туку на економиите на сите држави од регионот на Западен Балкан, како целина, посочи Азески.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top