skip to Main Content

Вака изгледаше денешната емисија на Сергеј Варошлија (ВИДЕО)

Вака изгледаше денешната емисија на Сергеј Варошлија (ВИДЕО)
  • 27.09.2018

Почитувани, Ве известуваме дека емисијата Мода на Сергеј Варошлија денеска нема да ја емитуваме во знак на револт за вчерашниот обид за насилство кој се случи во нашата телевизија.

Имено, доцна синоќа четири лица насилно упаднаа во 1тв и од вработените се обидоа да извлечат информации за локациите на кои се движи модниот критичар Сергеј Варошлија. За среќа, во моментот на упадот, Варошлија не беше во просториите на телевизијата, а вработените поминаа неповредени. Нашата редакција уредно го пријави случајот во полиција. 1ТВ најостро ги осудува ваквите обиди, како и повиците за насилство и бара од институциите во најскоро време да ги откријат и да ги санкционираат виновниците. Потсетуваме дека нашата телевизија цврсто ќе остане на ставот дека слободата на говорот е неприкосновена и нужна во едно демократско општество.

Насилен упад се случи вечерва во просториите на нашата телевизија. Имено, четири млади лица на возраст од околу 25 години, на непознат начин успејале да влезат во просториите, и покрај затворената капија на дворот. Потоа истите почнаа да тропаат на влезната врата од телевизијата, барајќи го водителот Сергеј Варошлија и извикувајќи го неговото име.

Четирите лица пред нашите вработени се претставија како негови роднини, братучеди, но веднаш станаа сомнителни откако го побараа неговиот телефонски број, со очигледен револт во нивниот израз и желба за насилство. Дополнително тие бараа да дознаат кое време доаѓа и заминува нашиот колега.

Уште на прв поглед воочливи беа нивните насилни намери, поради што нашите вработените побараа помош, по што лицата кои упаднаа избегаа од телевизијата. 1ТВ работи на уредно пријавување на случајот во полиција

Нашиот тим најостро ги осудува ваквите обиди, како и повиците за линч или насилство врз водителот Сергеј Варошлија, поради коментарите во неговото шоу „Студио Мода“.

Дополнително потсетуваме дека минатата недела и експерти за медиуми во нашето студио образложија зошто говорот на Сергеј не е говор на омраза и поради тоа на никој начин не може да биде правно или на кој било начин санкциониран.

Back To Top