skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина во понеделник ќе ги достави писмата до ЕУ и НАТО
Џини: Социјален работник во февруари-март последно ги виде децата кои изгореа во пожарот во Велес – тие беа добри
Анѓушев: Македонија направи огромни чекори во реформите на енергетскиот сектор
Поради „Северна Македонија“ Павлопулос непожелен кај австралиските Грци
Нобеловецот Ферид Мурад: Светот веќе зборува позитивно за Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Само во Македонија Премиер менува име и уметници се судат за тероризам
Меркел му честиташе на Заев за договорот со Грција
BMJ Media Group ви најавува: Концерт на Марија Шерифовиќ на 3-ти август во Охрид!
Топ 5 музичка листа на 1ТВ: Дознајте како да гласате и одберете го вашиот фаворит!
1ТВ со нови авторски содржини на програмата
Инструкции како да ја гледате 1ТВ на вашиот ТВ приемник
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
1ТВ на 13 канал на МахTV
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ ЌЕ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; NEOTEL

БДП порасна само 0,1 процент – Анѓушев уште оптимист

БДП порасна само 0,1 процент – Анѓушев уште оптимист
  • 07.06.2018

Владините проекции за раст на домашната економија од 3,2 насто за годинава се невозможна мисија, велат експертите по денешниот податок на статистика дека во првото тримесечје од годинава Бруто домашниот производ  порасна само 0,1 отсто. По стагнацијата на домашната економија во минатата година, овој податок за првиот квартал, ги подрива сите надежи бидејќи за да се дојде до 3,2 насто раст потребно е останатите три квартали економијата да расте со најмалку 4 до 5 проценти, што е невозможно. Тие велат дека ревидирање на растот надолу ќе мора да има, но се загрижени, што ниту годинава не започна со раст на економијат, дури и при толку ниска споредбена основа од 2017 година, кога растот на БДП беше 0 насто. Запирањето и забавувањето на инфраструктурните проекти според нив се главната причина за застојот на домашната економија.

-Податоците за првиот квартал се само рефлексија на она што се случуваше во претходната година: економијата беше ставена во целост, во заден план. Запирањето или забавувањето на важни инфракструктурни проекти, и забавеноста во реализацијата на странските инвестиции се двигателите на отсуството на раст. Имено, падот кај бруто инвестициите продолжува да биде значаен (-9 насто), додека падот во градежништвото е рекорден досега (-37.2 насто). Дополнително загрижува забавувањето на растот на потрошувачката на домаќинствата, кој во претходните години се одрживаше на солидно ниво и покрај политичката криза. Ова се всушност ризиците за кои Finance Think укажа уште во март, а кои ќе повлечат и надолна ревизија на стапката на раст за целата 2018 година. Владин фокус врз економијата и повторно зажувување на растот сега е попотребен од било кога претходно. Дополнително, ваквата слика покажува дека фокусот мора да биде врз тоа како да креираме нова вредност во економија, со влез на свежи пари во неа – вели Благица Петрески од Finance Think.

Ако сакаме раст на економијата од 3 до 5 отсто Владата мора да ги реализира ветените инфраструктурни проекти, порача и бизнис заедницата. Претседателот на Стопанската Комора, Бранко Азески му порача на вицепремиерот Анѓушев дека во наредниот период ќе биде подложен на силен притисок од бизнисот, владата да го реализира ветеното.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев е оптимист дека до крајот на годината растот на БДП ќе биде во рамки на предвиденото. Според него намалување на активностита на компаниите Синохидро и Трансмет и неколку градежни компании што влегоа во пондерот за пресметка на БДП го прават ваквиот резултат.

Инаку според статистика, четири насто е растот на финалната потрошувачка на домаќинствата во првото тримесечје од годинава, која пак учествува со 64,3 насто  во структурата на БДП. А во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално пораснал за 10,4 насто,  а увозот  9,1 насто.

Александра Филиповска

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top