skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Се интензивираат кампањата и подготовките за референдумот на 30 септември
Иванов нема да гласа на референдумот
Селцас: Договорот од Преспа ќе помине и покрај национализмите од двете страни
Нова група американски волонтери пристигнува во Македонија
Протести во Германија пред посетата на Ердоган
Тереза ​​Меј: Британија ќе остане ладнокрвна во преговорите за Брегзит
Бенон: Ултрадесничарските патриоти се новата елита на Европа
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ ЌЕ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; BOOM

Ревизорските извештаи разоткриваат малверзации во трошењето на народните пари – тема на „Уреднички брифинг“

Ревизорските извештаи разоткриваат малверзации во трошењето на народните пари – тема на „Уреднички брифинг“
  • 06.06.2018

Ревизорските извештаи се главниот извор на податоци за тоа како се трошат парите на граѓаните од буџетот. Последните два беа за финансиското работење на Министерството за правда за 2016 и за Министерството за култура за подолг период.

-Државната ревизија има за цел да ги заштити државните средства и затоа секој менаџер поставен од надлежните органи треба да води грижа за законско и наменско користење на средствата, вели Максим Ацевски, помошник главен државен ревизор.

Според Слаѓана Тасева од „Транспаренси Интернешнал Македонија“, ревизорските извештаи најчесто остануваат објавени само на веб страницата на институцијата, па треба да се направи нешто повеќе за граѓаните да бидат позаинтересирани да ги читаат.

-Според меѓународни извештаи, стотици милиони се изнесени од Р. Македонија во непознат правец затоа што не постои соодветна контрола на трошењето на јавните пари, вели Тасева, но, додава, институциите треба да ги анализираат и да постапуваат по наодите на ревизорите.

Според Ацевски, да не си ја вршеа работата ревизорите, ситуацијата ќе беше уште полоша. Годинава институциите веќе во неколку наврати постапиле по ревизорски извештаи и побарале податоци од ревизорите, што покажува дека работите се придвижиле. Во последните извештаи ревидирана е работата на институциите во 2016 година, но со последниот извештај за 2017 кој ќе биде објавен деновиве, се гледаат првични знаци на подобрување на состојбите

Едни од најпознатите случаи произлезени од овие извештаи се „Бачило“ и „Национална платежна картичка“, кои поранешниот состав на Антикорупциска ги открил токму од ревизорски документ.

-Таму имаше една реченица што мене како правник ми засмета и сакав да проверам. Заклучокот на ревизорот беше: „На ревизорот не му е јасно зошто Министерството за одбрана се согласило да плати отштета од 700.000 евра на основа на првостепена судска одлука“. Не поднеле жалба, веднаш по првостепена пресуда исплатено. Рековме дека ќе го прашаме Министерството зошто вака завршил случајот. Кога го испративме писмото до министерот за одбрана, за наше изненадување добивме одговор од премиерот, кој во време кога беше правен извештајот бил министер за одбрана, а тоа беше Бучковски, со тврдење дека таму е се во ред и дека нема што да гледаме“, раскажува Тасева за тоа како бил откриен случајот „Бачило“.

Таа и Ацевски се согласуваат дека граѓаните треба да бидат повеќе заинтересирани за ревизорските извештаи, но и дека медиумите се тие што треба да им ја приближат темата и да ги толкуваат податоците.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top