skip to Main Content

Заев пак го повика Иванов да го потпише Законот за јазици

Заев пак го повика Иванов да го потпише Законот за јазици
  • 05.06.2018

Премиерот Зоран Заев денеска уште еднаш упати апел до претседателот Ѓорге Иванов да го стави својот потпис на Законот за јазиците и да овозможи непречено функционирање на демократијата во општеството.

Заев на маргините на завршната конференција на Проектот Мрежа 23+ одговарајќи на новинарско прашање кога се очекува политички договор за Законот за јазиците, како и неговото објавување во Службен весник, посочи дека на неколку средби со Иванов се обидел да го мотивира и да го поттикне да го стави потписот, бидјеќи како што кажа, преку овој закон е блокирано Собранието во својата функција. 

– Тоа испраќа порака дека претседателот може да си одлучи кога сака и кој сака закон да го стави таканареченото џебно вето. Тоа не е функционална демократија. Одговорноста е преголема, рече Заев.

Тој нагласи оти треба да се повикуваат надлежните институции како Уставниот суд, но и да се обратиме и до Венецијанската комисија.  

– Уставниот суд кажува што е уставно, а што не е. И ако има нешто проблематично може да се промени, рече Заев и додаде дека ако со некои закони се зголемуваат одредени права ќе можеме полесно да влеземе во вака најавуваниот процес за почеток на преговорите со ЕУ.

Back To Top