Анита Ангеловска-Бежоска нова гувернерка на НБРМ

Со 81 гласа „за“ и ниту еден против, Собранието денеска го одобри предлогот на претседателот Ѓорѓе Иванов, Анита Ангеловска-Бежоска да биде назначена за нов гуверенер на Народна Банка на Република Македонија.
Пред нејзиниот избор, координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев рече дека тие немаат замерка за Ангеловска-Бежоска и рече дека ќе ја прелдожат и се согласни таа да биде новиот гувернер.
По неговиот говор, координаторот на Пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев пак, рече дека изборот на Ангеловска-Бежоска покажува дека власта и опозицијата може да постигнат согласност за одредени одлуки се додека се бираат луѓе професионално и трезвено. Како што рече Тунтев, Ангеловска-Бежоска била докажана во својата работа и тие немаат замерка.
Д-р Анита Ангеловска-Бежоска е прва жена гувернер на НБРМ
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.