skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Ибраимоски: Недозволиво е јас да бидам министер за труд и социјала наместо Царовска
Девет години затвор за Ѓоко Поповски за случајот „Триста“
Меркел повторно разговарала со Заев и со Ципрас
За партијата на Села именувањето „Ilinditase“ е скандалозно, за Османи звучи албански
Димитров бара мудрост и нерви пред средбата со Коѕијас
За македонската Влада е прифатливо „Илинденска“, грчката бара име од пакетот на Нимиц
Коѕијас: Да прифатиме еден од предлозите на Нимиц
ДЗСИ: Катлановска бања пак може да згрижува и лекува пациенти
1ТВ стартува со вечерни вести во 22 часот
1ТВ со нови авторски содржини на програмата
Инструкции како да ја гледате 1ТВ на вашиот ТВ приемник
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
1ТВ на 13 канал на МахTV
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ ЌЕ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; NEOTEL

Автопатите и натаму тема на раздор меѓу власта и опозицијата – тема на „Студио 1“

Автопатите и натаму тема на раздор меѓу власта и опозицијата – тема на „Студио 1“

Во изборната програма и на СДСМ и на Владата на Р. Македонија не стои ништо за 600 километри автопат, вели министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Изградбата на автопатите подразбира изградба и на регионални, експресни и магистрални патишта, објаснува министерот.

-Тезата што се обидуваат да ја нафрлат дека некој некаде ветил 600 километри автопат е апсолутно погрешна, вели Сугарески.

Според министерот, апсурдни се обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека владата ги одолговлекува проектите за да си мисли народот дека се успех на СДСМ, затоа што парите што се даваат за патиштата се буџетски и пари на граѓаните.

-Дилемата дали ги граделе ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, Горан Сугарески, Зоран Заев или Никола Груевски не е точна затоа што ние сме на власт за да ги менаџираме буџетите во Р. Македонија, да работиме со проекти и да создадеме колку што можеме повеќе бенефит за граѓаните, рече министерот.

Тој вели дека доколку беа точни обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ, автопатот Демир Капија-Смоквица ќе требаше да биде готов уште лани во февруари, а ист е и случајот со автопатот Миладиновци-Штип.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top